Македонија
21. јуни 2017 - 20:15

Почина познатиот македонски уметник Ристо Димовски

Ристо Димовски (1947 – 2017), роден во Битола, сликар, иконописец и скулптор, добитник на многубројни награди во Македонија и странство, меѓу кои и прв добитник на награда за животно дело доделена од ДЛУБ во 2016 год.

Работел во нашата држава, во соседството и во Европа. Неговите дела се наоѓаат низ целиот свет, како Италија, Грција, Германија, Шведска, Америка, Австралија.

Кај него поминале многу ученици кои денеска творат и го носат неговото уметничко наследство.

Опелото и погребот ќе се одржат на 22-ри јуни 2017 год., во 12 часот на Свето-Неделските гробишта во Битола.