Балкан
15. December 2016 - 11:25

Почина позната српска водителка

 
Почина познатата српска новинарка и водителка, Драгана Чосиќ. 
 
По долга и тешка болест, таа утрово починала во Белград. Нејзините колеги од Студиото Б, велат дека таа била мила, ведра и харизматична личност, како и голем професионалец.
 
Две децении беше во светот на новинарството и шоу бизнисот.
 
Таа ќе биде погребана утре.