Свет
3. July 2016 - 10:45

Почина порашениот француски премиер Мишел Рокар

Поранешниот француски премиер Мишел Рокар почина вчера на возраст од 85 години, соопшти неговиот син Францис, јавува дописникот на МИА од Париз.

Значајна политичка фигура на Социјалистичката партија, Мишел Рокард е роден 23 август, 1930 во Курбевуа, во близина на Париз. Тој беше премиер на Франсоа Митеран од 1988-1991, а потоа накратко го замени на чело на Социјалистичката партија (1993-1994).

Назначен инспектор за финансии, тој стана генерален секретар на ПСУ во 1967. По поразот на Де Гол, тој одлучи да биде кандидат на претседателските избори во 1969 година, но без успех. Во седумдесетите години тој ќе даде свој белег во Социјалистичката партија, со појавата на движењето „рокардиан", кое се залага за одредена економска либерализација за разлика од трендот на Франсоа Митеран.

Ривалството со Франсоа Митеран, не му дозволи да стане претседател на Франција и покрај неговото отворање кон политичарите од центарот. Мишел Рокар, беше европратеник во периодот од 1994-2009 и сенатор од 1995 до 1997 година.

Од 2009 година тој беше амбасадор на Франција на чело на меѓународните преговори за Арктикот и Антарктикот. Се оженил во 1954 година да се Женевјев Пужол, брак од кој се родени неговите две деца Силви и Франсис. Потоа се разведе. Во вториот брак склучен во 1972 со Мишел Лежандр му се раѓаат уште две деца Лоик и Оливие, а во 2002 година стапува во брак со Силви Пелисие.

Изутринава целокупната политичка класа, без разлика на обоеноста му оддава почит на политичарот-визионер, кој остави печат во француската политика.