-->
-->
Почина поранешниот ирачки претседател Џалал Талабани
-->

Лидерот на ирачките Курди и поранешен претседател на Ирак, Џалал Талабани, почина денеска во болница во Германија, јави државната ирачка телевизија.
Тој во последните години неколку пати беше хоспитализиран откако во 2012 година преживеа мозочен удар.
Талабани, беше долгогодишен лидер на борбата на Курдите за самоопределување, а до 2014 година беше претседател на Ирак.
Исто така, тој беше и основач на партијата Патриотска унија на Курдистан.
Тој е роден во 1933 година во близина на Ербил.
Во 2005 година, две години по американската инвазија, што доведе до смена од власта на ирачкиот лидер Садам Хусеин, Талабани стана седмиот претседател на Ирак, како и првиот Курд на таа функција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
-

Тема на денот со проф. д-р Биљана Ангелова, актуелен и кандидат за нов ректор на УКИМ
-

Охридскиот кеј со двете пристаништа конечно ќе добие нов лик
-

Фондација Елеуса обезбеди Велигденски пакети за 220 семејства во социјален ризик
-

Македонката Мартина Димоска дел од поддршката на Артемис 2 сведочи за очекувањата во НАСА
-

Владата со пакет мерки спречува раст на цената на горивата
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
-

Јотова подготвува офанзива во Брисел против укинувањето на ветото во ЕУ
