Свет
16. February 2016 - 18:36

Почина поранешниот генерален секретар на ОН Бутрос Бутрос Гали

Советот за безбедност на ОН соопшти денеска дека починал поранешниот генерален секретар на Светската организација, Египќанецот Бутрос Бутрос Гали.

Информацијата за смртта на 94-годишниот Бутрос Гали ја соопштил претседавачот со СБ, венецуелскиот амбасадор Рафаел Рамирес, на почеток од седницата посветена на хуманитарната криза во Јемен.

Бутрос Гали беше генерален секретар на ОН од јануари 1992 до декември 1996 година.