Живот
5. September 2015 - 12:04

Почина најнискиот човек на светот

Почина најнискиот човек на светот, Непалецот Чандра Бахадур Данги.

Данги, кој беше висок само 54,6 сантиметри, почина на 75-годишна возраст, соопштија претставници на Гинисовата книга на рекорди.

Минатиот ноември Гинисовата книга на рекорда организира средба Чандра и највисокиот човек на светот, Турчинот Султан Козен, кој е висок 2,51 сантиметар. Двајцата се запознаа пред Парламентот во Лондон и признаа дека се воодушевени од средбата.