Почина Миа Лав, првата црна републиканка избрана во американскиот Конгрес
По долго и тешко боледување, почина 49-годишната Миа Лав, првата црна републиканка избрана во Конгресот на САД, соопшти нејзиното семејство.
- Таа почина мирно во неделата, опкружена со семејството во нејзиниот дом во Саратога Спрингс, се вели во соопштението.
Лав, ќерка на имигранти од Хаити, ја претставуваше државата Јута во Претставничкиот дом. Оддавајќи ѝ почит на Лав, гувернерот на Јута, Спенсер Кокс напиша: „Вистински пионер и визионерски лидер, Миа инспирираше безброј Јутанци со нејзината храброст, благодат и непоколеблива вера во американскиот сон. Нејзиното наследство остава трајно, позитивно влијание врз нашата држава. Многу ќе ни недостига, додаде тој.
Политичката кариера на Миа Лав формално започна во 2003 година кога освои место во градскиот совет на Саратога Спрингс, а подоцна стана градоначалник на 34-годишна возраст. Во 2014 година, таа беше избрана во Претставничкиот дом на САД. Таа влезе во историјата како првата црна републиканка која ја презеде таа улога.
Лав беше критична кон Доналд Трамп кога се кандидираше за претседател во 2016 година, поддржувајќи го наместо тоа сенаторот од Тексас, Тед Круз, кој се откажа од трката неколку месеци подоцна. Таа, исто така, го повика Трамп јавно да се извини за погрдните коментари за Хаити во 2018 година.
Таа отслужи два мандати во Претставничкиот дом, а нејзината кандидатура за трет мандат заврши со тесен пораз од демократскиот ривал Бен МекАдамс. Трамп одговори велејќи на прес-конференција: „Миа Лав не ми даде љубов и изгуби“.
Пред да влезе во политиката, мајката на три деца извесен период работеше како стјуардеса. Во 2022 година и беше дијагностициран глиобластом, брзорастечка и агресивна форма на рак на мозокот, и ѝ беа дадени само 10-15 месеци живот, што таа го надмина.
Ново на Сител
-
Институт за радиологија: Пациенти со итна патологија и потреба од КТ дијагностика пренасочувани кон други јавни здравствени установи
-
ФИНКИ го посвети 14. роденден на својот студент Спире Стоименов кој го загуби животот во трагедијата во Кочани
-
Ѓоковиќ продолжува да руши рекорди: Му одзеде уште еден на Федерер
-
Поднесено обвинение за тешката сообраќајна несреќа со смртни последици на „Партизанска“
-
Сестрата на Фросина: „Кој е следен”, која трагедија ќе биде следна на менито на вашите интереси
-
Митовски: По хаваријата во „Тораница“ 10 пати зголемена концентрација на олово во Крива Река, бараме кривична одговорност
-
Црвениот крст изврши исплата на средства на семејствата на починатите и повредените лица кои се лекуваат во странство
-
Гостиварец пробал на сила да ја грабне својата малолетна ќерка