Почина малолетничка од струен удар во вагон
Едно лице вечерва почина откако e опожарен вагон цистерна кај железничката станица во скопската населба Илинден.
Од Територијалната противпожарна бригада, која интервенираше на местото на несреќата, за МИА изјавија дека има починато лице најверојатно од струен удар на вагон.
На терен биле испратени две возила и седум пожарникари.
Од Министерството за внатрешни работи информираа дека случајот е пријавен во 21:05 часот во полициското одделение во Петровец.
- Во 21:05 часот во ПО-Петровец, С.К. пријавил дека во населбата Илинден кај железничката станица во складиштето на „Макпетрол“ од страна на малолетни лица е опожарена цистерна. Двете малолетни лица се кај него дома и по извршениот разговор со децата посочено е дека во цистерната најверојатно има малолетно женско лице и истото е починато, велат од МВР.
На местото на несреќата испратени се полициски службеници и се врши увид. Повеќе детали од МВР најавуваат за подоцна.
Ново на Сител
-
ЦУ: Спречен шверц на злато, лекови и фотоапарати
-
Еден од двата лифта расипан во МРТВ, ред се чека 40 минути | ФОТО
-
Руски брод потона по експлозија
-
Снег и ветер го блокираат Балканот: Патувајте само ако е неопходно
-
Шпанија: Откриени компании кои увезле 2.000 тони фалсификувана стока во ЕУ
-
Безбедна водата за пиење во Скопје
-
Спроведени 62 вонредни контроли на новогодишни пакетчиња, кај две најдени производи со изминат рок
-
Тошковски: Нема официјална потврда од ниедна соседна земја каде е Груби