Почина командантот на мисијата „Аполо 8“, Френк Бормен
Космонаутот Френк Бормен, командант на американската вселенска мисија „Аполо 8“ - првата обиколка околу Месечината, почина на 95-годишна возраст, објави вчера НАСА.
„Пионерот на вселенското истражување почина во вторникот во Монтана“, објави НАСА.
Тој во 1965 година првпат отиде во Вселената, на мисијата „Џемини 7“, којашто траела 14 дена. Вселенското летало „Аполо 8“ полета во декември 1968 година, со Борман и уште двајца астронаути - Џејмс Ловел и Вилијам Андерс. За време на оваа мисија е направена и познатата фотографија „Изгрејземја" (Earthrise).
- Френк Бормен беше вистински американски херој Неговото големо искуство и експертиза доведоа до тоа НАСА да го избере да се приклучи на својата втора група астронаути. Неговата услуга за НАСА и за нашата нација недвосмислено ќе ја инспирира генерацијата на „Артемис“ да достигне до нови космички граници, изјави шефот на американската вселенска агенција, Бил Нелсон.
НАСА планира да се врати на Месечината со програмата „Артемис“ - наследничка на „Аполо“. Мисијата „Артемис 2“ треба да полета кон крајот на 2024 година и да ја заобиколи Месечината со човечки екипаж на вселенскиот брод. Долгорочната цел на НАСА овојпат е постојано човечко присуство на Месечината, како и идни можни мисии со екипаж на Марс.
Ново на Сител
-

Тошковски: Новогодишната ноќ помина главно мирно
-

Новогодишна донација од СВР Битола, РСБСП и ОСБСП за првото бебе во Битола
-

Напади врз полиција и апсења во Германија за време на дочекот на 2026 година
-

Бурна новогодишна ноќ за дежурните лекарски служби, двегодишно дете со повреди од огнено оружје
-

Тошковски ја започна годината со посета на службениците на Солунска Глава
-

АМСМ: Сообраќајот кон ГП Ќафасан е се уште во прекин во двата правци
-

Град Скопје ќе гради прва катна гаража во Клиничкиот центар до втората половина на 2026 година
-

Првото бебе во државата е Евгенија, трето дете на семејството Камчеви
