Балкан
12. May 2016 - 13:25

Почина кнез Александар Караѓорѓевиќ

Кнез Александар Караѓорѓевиќ (92) почина рано утрото во Париз, соопштија од неговата белградска канцеларија, пренесува Танјуг.

Кнез Александар, син на кнезот Павле и кнегињата Олга Карѓорѓевиќ, роден е на 13 август 1924 година во Вајтоџ во Велика Британија.

Чукунвнукот на  Вождот Караѓорѓевиќ,  потомок е од руската царска лоза Романови, кнежевската лоза Демидови, како и на грчки и дански кралеви и кнезови.

Според семејниот правилник на Кралскиот Дом од 1930 година ја носеше титулата кнез од Југославија.