Почина Јован Андонов – Реган

По тешко боледување во Скопје на 80-годишна возраст почина Јован Андонов – Реган, стопанственик и потпретседател на првата експертска влада на Република Македонија.
Андонов е роден на 15 август 1940 година во Пехчево. Дипломирал на Електротехничкиот факултет во Загреб во 1963 година. Андонов работел на повеќе раководни места, меѓу кои „Рудници и железарница“ во Скопје, „Хемтекс“ во Скопје, „ОХИС“ во Скопје, „ФЕНИ“ во Кавадарци, РЕК Битола, „ГЕС“ во Гостивар и многу други.
Негов најголем придонес е рестартирањето на РЕК Битола кога за рекордно брзо време, за помалку од една година го доведе во нормала работењето на комбинатот, по уривањето на филтерот и косиот мост во 1989 година.
Добитник е на наградата „11 Октомври“ за патентиран пронајдок од областа на електрониката.
Андонов беше потпретседател на првата експертска влада на Република Македонија во 1991 година, предводена од Никола Кљусев.
Јован Андонов – Реган ќе биде погребан денес на гробиштата Бутел во Скопје.
Ново на Сител
-

Симулациска вежба на македонската полиција на охридскиот аеродром
-

Десеттата жртва од нападот во училиштето во Турција
-

Сиљановска - Давкова ќе се обрати на „Лидерскиот панел“ на Дипломатскиот форум во Анталија
-

Договореното примирје со Израел се слави во Либан, ОН повикуваат на трајно решение
-

Трамп: Иран се согласува да нема нуклеарно оружје повеќе од 20 години
-

Нетанјаху се согласува со прекин на огнот, но војниците ќе останат во јужен Либан
-

Променливо облачно со сончеви периоди
-

Претставничкиот дом на САД го отфрли предлогот на демократите за прекин на војната со Иран
