Почина Јован Андонов – Реган
По тешко боледување во Скопје на 80-годишна возраст почина Јован Андонов – Реган, стопанственик и потпретседател на првата експертска влада на Република Македонија.
Андонов е роден на 15 август 1940 година во Пехчево. Дипломирал на Електротехничкиот факултет во Загреб во 1963 година. Андонов работел на повеќе раководни места, меѓу кои „Рудници и железарница“ во Скопје, „Хемтекс“ во Скопје, „ОХИС“ во Скопје, „ФЕНИ“ во Кавадарци, РЕК Битола, „ГЕС“ во Гостивар и многу други.
Негов најголем придонес е рестартирањето на РЕК Битола кога за рекордно брзо време, за помалку од една година го доведе во нормала работењето на комбинатот, по уривањето на филтерот и косиот мост во 1989 година.
Добитник е на наградата „11 Октомври“ за патентиран пронајдок од областа на електрониката.
Андонов беше потпретседател на првата експертска влада на Република Македонија во 1991 година, предводена од Никола Кљусев.
Јован Андонов – Реган ќе биде погребан денес на гробиштата Бутел во Скопје.
Ново на Сител
-
Банско криe богата средновековна историја
-
Преглед на вестите од светот
-
Десеттина ученици се фатени како препишувале на првиот испит од државната матура – какви мерки им следуваат?
-
Со една изборна единица до поголема демократизација
-
Тема на денот со Љупчо Николовски, пратеник
-
Бимилк го одбележува светскиот ден на млекото
-
Како Асмир Јахоски доби времен пасош?
-
Мицкоски: Бугарските европратеници сакаат да додадат „сегашен“ македонски индентитет во извештајот на ЕП