Почина и вториот полицаец по пукотница во Сараево
Двајца полицајци починаа откако утрово беше пукано на полициска патрола во Сараево. Едниот полицаец почина на самото место на инцидентот, а вториот по повеќечасовна борба за живот им подлегна на повредите.
Сараевските медиуми наведоа наведоа дека „автомобилската мафија“ стрелала со автоматско оружје, веројатно „калашников“ кон полициската патрола која ги затекнала при кражба на „Голф 6“ со хрватски регистарски таблички.
Премиерот на Кантонот Сараево Адем Зољ на прес-конференција оцени дека станува збо за „гнасен чин и удар на државата“, пренесува Н1.
– Ова е гнасен чин, затоа што полицајците утрово не излегле ни од автомобилот, ниту употребиле оружје, ниту биле предупредени, туку извршителите веднаш, додека автомобилот бил во движење, почнале да пукаат кон припадниците на полицијата/ Ќе сториме се за да ги приведеме извршителите и да се преземат активности за ова да не се повтори. Ова е удар на државата, заклучи Зољ.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

75 годишна жена почина - Возачот побегнал откако ја прегазил во центарот во Скопје
-

Филипче не се откажува од техничка Влада, Мицкоски пак, не се откажува од лидерска средба
-

Обвинителката Ленче Ристоска бара извинување од премиерот Мицкоски, од Влада велат дека се зачудени
-

Во недела ќе се бира градоначалник во четири општини
-

На располагање сите човечки и материјални ресурси
-

Зголемен број на пациенти со грип на инфективна после нова година - Едно лице е во критична состојба
-

Лажен лекар успеал со измама да „заработи“ близу 20 000 евра
