Балкан
5. November 2016 - 15:34

Почина грчкиот бизнисмен Андреас Вгенопулос

 Грчкиот адвокат и бизнис магнат Андреас Вгенопулос почина денеска од инфаркт на 63-годишна возраст, соопшти неговата компанија Марфин Инвестмент груп.

Тој беше успешен во повеќе бизниси, меѓу кои Марфин Банк, фирма за превоз на патници, најголемата грчка компанија за храна, приватна болница и сопственик на авиокомпанијата Олимпик.

Вгенопулос беше шампион во мечување во 70-те и почетокот на 80-те години, а учествувал и на Олимписките игри во 1972 година. Во еден период поседувал и малцински пакет акции во фудбалскиот клуб Панатинаикос.