-->
-->
Почина градежен работник во Штип
-->

Градежен работник од Штип почина рано утринава, откако го потрупало поголема количина на песок. Основниот јавен обвинител, Ристе Бојаџиски информира дека настанот се случил во месноста Ежово Поле во близина на Штип.
Обвинителот наредил обдукција на телото, а увидот се врши од страна на полицијата и е повикан инспектор за заштита при работа, кој треба да утврди дали се запазени стандардите за заштита на работникот на работното место.
Од полицијата најавуваат дека со повеќе детали ќе излезат откако ќе заврши увидот на местото на несреќата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотека Пулс
-

Во употреба пуштени реконструираните операциони сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“
-

Регулаторна попладнево ќе ги објави новите цени на горивата
-

Судење на струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов
-

Текстилната индустрија полека згаснува
-

Преглед на вестите од светот
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
-

Тема на денот со проф. д-р Биљана Ангелова, актуелен и кандидат за нов ректор на УКИМ
