Почина глумецот Денис Вотерман
Британскиот глумец Денис Вотерман, познат по улогите во ТВ-сериите како „Мајндер“, „Свини“ и „Нови трикови“, почина вчера. Тој имаше 74 години.
„Со длабока тага објавуваме дека нашиот сакан Денис почина мирно во болница во Шпанија. Тој почина вчера попладне, а покрај него беше неговата сопруга Пем. Семејството љубезно бара да се почитува нашата приватност во ова многу тешко време за нас“, соопшти неговото семејство.
Роден е во Лондон и образованието го добил во Театарската школа „Краун“. Вотерман ја почна својата кариера како дете, па на 12-годишна возраст е поканет да ѝ се приклучи на Кралската трупа „Шекспир“ во Стратфорд. Во своите тинејџерски години, тој се прослави во остварувањето „Само Вилијам“ на Би-би-си.
Денис Вотерман својата слава ја стекна во 1970-тите кога го глумеше наредник Џорџ Картер во полициската драма „Свини“. Глумеше и во 90-на други филмски и ТВ-проекти.
Ново на Сител
-
Мисовски: Евентуалниот влез на нов коалициски партнер во Владата може да донесе квалитет
-
ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС и ДУИ е повеќе влада на Бугарија и Албанија, наместо само на Македонија
-
Снежно невреме во Романија, затворен сообраќајот кон Букурешт
-
Поранешниот генерал Павел е избран за нов претседал на Чешка
-
Протести во САД по објавувањето снимка од убиството на Тајр Николс при полициско задржување
-
АМСМ: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози
-
Времето денес ќе биде променливо облачно и студено
-
Намалена видливост поради магла на Попова Шапка