Почина еден од тешко ранетите во масакрот во Цетиње

Денеска во Клиничкиот центар во Подгорица почина Дејан Кокотовиќ од Цетиње како последица од тешките повреди со кои се здоби на 1 јануари годинава во меаната „Велестово“ во центарот на тој град.
Ова е 13-та жртва на нападот на Ацо Мартиновиќ од Цетиње, кој на првиот ден од јануари за околу половина час уби 12 лица, меѓу кои две деца, двајца браќа и сестри.
Кокотовиќ бил ранет во стомакот, градниот кош и главата во нападот на Мартиновиќ врз сограѓаните, поради што истата вечер бил опериран во Клиничкиот центар.За жал, напорите на лекарите беа залудни.
Во кафеаната започна крвавиот поход
Да потсетиме, Ацо Мартиновиќ (45) од Цетиње го започна масакрот во кафеаната „Велестово“ во близина на Спортскиот центар каде уби четири лица. Потоа убил уште четири во Бајице, а потоа убил две деца во селото Хумци. Мартиновиќ тргна во крвав поход и уби две лица во Доњи Краји. Кога полицијата го опколила, Мартиновиќ си пукал во глава и починал на пат кон болница.
На масовниот убиец Аца Мартиновиќ му препишале терапија, било утврдено дека е асоцијален.
Во џебот на масовниот убиец Ацо Мартиновиќ биле пронајдени дури 60 куршуми.
Ново на Сител
-

Хемикалија за производство на детергенти ги побели Лепенец и Вардар
-

Два ер трактори го гасат пожарот во Желино
-

Тема на денот со професор Горан Начевски, претседател на Здружението на металурзи на Македонија
-

Само Филипче успеа да постави прашање, Села ја блокираше седницата
-

Гаши нема да оди на Илинден
-

Гостивар се уште без вода за пиење
-

На Инфективна расте бројот на критични пациенти со западно-нилска треска
-

Апелациониот суд – Скопје доби в.д претседател
