Македонија
22. July 2015 - 13:15

Почина еден од најпознатите македонски поети

На 79 годишна возраст по долго и тешко боледување во Делчево денеска почина роднокрајниот поет Димитрија Стојчевски.

Димитрија Стојчевски повеќе од три децении беше член на Клубот на роднокрајни автори „Пијанечки глас“.

Автор е на неколку книги поезија и раскази и приредувач на повеќе изданија на народни песни, приказни, поговорки, гатанки и други кратки форми од народното творештво во Пијанечкиот крај.

За Стојчевски уште пред 25 години е снимен документарен филм, чиј автор е новинарот Аљуш Камбери, а соработник на сценариото новинарот Васил Маневски.