Почина бизнисменот Миодраг Костиќ
Основачот и претседател на МК Груп, Миодраг Костиќ (1959-2024), почина денеска, 13 ноември, соопшти МК Груп.
„Со голема тага ве известуваме дека почина Миодраг Костиќ, основачот и претседател на МК Груп“, се вели во соопштението. Во текот на својата 40-годишна активна професионална кариера, Костиќ го создаде еден од најголемите деловни системи во регионот, што му го донесе меѓународниот статус на еден од највлијателните лидери и најуспешни бизнисмени во Југоисточна Европа, се вели во соопштението на МК Груп.
Во текот на својата кариера, како што се наведува во соопштението, Миодраг Костиќ постигна голем успех и пионерски потфати во земјоделството, туризмот, енергетиката и банкарството, позиционирајќи ги своите компании како лидери во овие сектори.
Ново на Сител
-
Намалена видливост поради магла на Стража
-
Ватикан: Здравствената состојба на папата Франциск е стабилна
-
Во Скопје се одржа трет протестен марш „Кој е следен“
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија
-
Шкендија нов лидер вo ПМФЛ
-
Малолетник од Косово удрил двајца пешаци во Скопје, едниот се здобил со тешки телесни повреди - поднесена пријава
-
Meдведев со саркастична порака по суспензија на Синер
-
Напаѓачот кој вчера со нож уби момче во Австрија бил исламист