Фудбал
21. April 2017 - 16:49

Почина англиски репрезентативец

Некогашниот англиски репрезентативец Уго Ехиогу починал во болницата каде што бил примен во четвртокот, откако доживеал инфаркт. Ехиогу во четвртокот колабирал на тренингот на младиот тим на Тотенхем, веднаш бил хоспитализиран, но лекарите не успеале да му го спасат животот.
 
Уго Ехиогу, поранешен фудбалер на ВБА, Астон Вила, Лидс јунајтед, Глазгов Ренџерс и Шефилд Венздеј, почина на 44-годишна возраст, на тренингот на младинците на Тотенхем.
 
За репрезентацијата на Англија одигра четири натпревари. По завршувањето на кариерата, почна да работи како тренер. Последните три години беше дел од стручниот штаб на Тотенхем и тренер на тимот до 23 години.