Почина американската писателка Џеки Колинс
Популарната американска писателка Џеки Колинс (77), почина во Лос Анџелес по неколку годишната битка со ракот на дојките.
Американските медиуми откриваат дека болеста била откриена пред 6,5 години, но таа одлучила да молчи за тоа, па за ракот знаеле само неколкумина луѓе, но не и нејзните три ќерки.
Откако лекарите и ја констатирале болеста, таа во изминативе години напишала дури пет нови романи.
Пред нешто повеќе од две недели Џеки Колинс беше во Велика Британија, каде го промовираше својот последен роман.
Џеки Колинс е родена во Лондон, а со пишувањето почнала уште како тинејџерка, пишувајќи понекогаш „скокотливи“ расказа на своите соученици. Иако Британка, таа се пресели САД, каде и се прослави како писателка.
Нејзиниот прв роман „Светот е полн со оженети мажи“ е објавен во 1968 година и тој веднаш е прогласен за „скандалозен“, а во Австралија беше и забранет.
Во својата кариера има напишано 32 романи. Џеки Колинс пишуваше најчесто за богатите и за славните личности и за нивните животи, но романите ги читаа сите, па таа има продадено повеќе од 500 милиони примероци,во оригинал или преведени, во 40 земји низ светот.
Сите нејзини дела се најдоа на листата на бестселерите, што ја објавува весникот „Њујорк Тајмс“, а дел од нив се филмувани во Холивид.
Инаку, Џеки Колинс е сестра на позната актерка Џоан Коланс (82). Во изјава за американските весници, Џоан Колинс рече дека е тешко погодена од смрта на својата сестра и ја истакна нејзината храброст во борбата со тешката болест.
Ново на Сител
-
Тешко повреден возач на трактор - изгубил контрола над возилото
-
Извештај на ЕК : Низок оперативен и административен капацитет за сите видови транспорт
-
Израел проценува дека 51 заложник држени во Газа се живи
-
БиХ: Во Јабланица се одржуваат локалните избори одложени поради поплавите
-
Прегазена 78-годишна жена - сторителите фатени преку видео снимки
-
Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди Аргентина
-
Дачиќ: Состојбата на повредените во несреќата во Нови Сад е многу тешка, досега се сослушани 26 лица
-
Заеднички воздушни вежби на Јужна Кореја, САД и Јапонија