Почина Алајдин Демири, поранешен градоначалник на Тетово
Поранешниот градоначалник на Тетово, Алајдин Демири почина вчера на 65 годишна возраст по кратко трајно боледување Беше градоначаник на Тетово во периодот од 1997 до 1998 година.
Демири е роден на 19 декември 1954 година во Тетово. Студирал социологија во Сараево од 1973 до 1977 година. Работел како новинар во редакцијата на албански јазик на Македонската радио телевизија, би професор во средно училиште како и вработен во градската библиотека.
Поранешниот градоначалник на Тетово беше осуден на две години затвор во 1998 година заедно со гостиварскиот градоначалник поради истакнување на знамето на Албанија пред општинската зграда. Беше ослободен со амнестија. Подоцна беше амбасадор на Македонија во Швајцарија. Од 2001 година работел на Универзитетот на Југоисточна Европа каде како директор на Библиотеката „Макс Ван дер Штул“ се пензионираше во 2019 година, додека од 1995 година се вклучува во полтиика, во Партијата за демократски просперитет. Подоцна, во 1997-ма, како кандидат на Демократската партија на Албанците станува градоначалник на Тетово.
Ново на Сител
-
Мицкоски во вински саем во Белград - Средба Мицкоски со Вучиќ
-
ЈСП има нафта за 7 дена - Што потоа? Владата ќе набавува електрични автобуси
-
Тема на денот со Методи Хаџи Јанев, професор по безбедност
-
Мицкоски во Белград на средба со Вучиќ и Вучевиќ
-
Силен ветар предизвика штети во Битола
-
Меѓусебна соработка за справување со корупцијата
-
Андовски: Граѓаните навреме да ги откажуваат термините за снимање за да не се создаваат листи на чекање
-
Протест пред Град Скопје, граѓаните се револтирани од јавниот превоз