Почина актерот Мето Јовановски
На 77 години почина актерот Мето Јовановски. Беше роден 1946 година во с.Панчарево, пехчевско.
Пријатели и колеги се простуваат од големата легенда на социјалните мрежи.
Во 1971 година завршил Театарска академија во Софија, Бугарија и истата година се вработил во Драмскиот театар во Скопје.
Неговата актерска кариера започнала на сцената на Народниот театар во Штип, каде настапувал уште пред да се запише на студиите. Оттогаш, за многу кратко време, Мето Јовановски се истакнал како еден од водечките драмски уметници во Македонија.
Едни од омилените улоги на Јовановски на македонската публика се оние од филмовите „Среќна Нова 49“, „Тетовирани души“, „Пред дождот“, „Големата вода“, „До Балчак“ итн.
Тој е добитник на бројни награди, меѓу кои „Златна клапа“ во Белград, четирикратен лауреат на наградата „Милтон Манаки“, наградата „Петре Прличко“, наградата за животно дело „Војдан Чернодрински“, награда за животно дело на осмиот Балкан панорама филм фестивал во Измир 2022 итн.
Ново на Сител
-

Нема доволно вода за пиење на пунктовните во Гостивар
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија и трајно решение на проблемот со набавка на лекови
-

Енергетските проблеми во Европа растат, Мицкоски уверува дека кај нас струјата нема да поскапи
-

Почнува реализација на третата секција од железничкиот коридор 8
-

Преглед на вестите од светот
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија
-

Јаневска: Ценам дека резултатите се објективни - Просечната оценка од матурата – 3.66
-

Ручекот во ресторани и сместувањето во Охрид се поскапо
