Почина академик Ратко Јанев, редовен член на МАНУ

Академик Ратко Јанев почина синоќа во 81 година од животот. Беше редовен член на Македонската академија на науките и уметностите.
За член на МАНУ надвор од работниот состав е избран на 7 октомври 1988 година, а за редовен член на 16 октомври 2000 година.
Од МАНУ најавуваат дека ќе биде одржана комеморативна седница за што јавноста ќе биде дополнително известена.
Посмртните останки на академик Јанев ќе бидат изложени во петок во 13:30 часот во капелата на Новобежаниските гробишта во Белград, а погребот ќе се изврши во 14:15 часот.
Академик Ратко K. Јанев е роден 1939 година во Сандански, Бугарија. Дипломирал на Електротехничкиот факултет во Белград, специјализирал на Државниот универзитет во Ленинград, а докторирал на Природно-математичкиот факултет во Белград. Работел на Институтот за нуклеарни науки „Борис Кидрич“ во Винча, а продолжил со работа на Институтот за физика во Белград. Предавал на ПМФ во Белград и на ПМФ во Скопје (1970 – 1973), а бил професор и на повеќе универзитети во Европа, Америка, Јапонија и во Кина. Соработувал со врвни светски истражувачки институции. Раководел со прогамата на Меѓународната агенција за атомска енергија (Виена) за истражувањата во контролираната термонуклеарна фузија (1988 – 1999). Објавил над 300 научни трудови, а автор или коавтор е на 7 монографии и 27 ревијални статии.
Бил член на Советот за електронски и атомски судири на Европското физичко општество (1993 – 1997), како и на научни комитети на бројни меѓународни конференции. Заедно со проф. А. Далгарно ја иницира Меѓународната конференција за атомски и молекуларни податоци и нивната примена (1998). Добил Homage oд Слободниот универзитет на Брисел (1979). Беше член на Joint Institute for Laboratory Astrophysics, Боулдер, САД (од 1982).
Добитник е на престижната Хумболтова награда за истражувања во контролираната термонуклеарна фузија (2004).
Ново на Сител
-

Бобан Илиоски со спектакуларно деби во „Глори 110“ – го нокаутира фаворитот уште во првата рунда!
-

Браун: Леброн е најдобриот кошаркар на сите времиња, чест е да се игра со него
-

Макрон за насилните протести: Тие кои напаѓаа и ограбуваа ќе бидат кривично гонети и казнети
-

Во Литванија граѓаните во засолништа поради непознат летачки објект
-

Одлуката на Трамп да ги укине санкциите против Русија предизвика незадоволство кај членовите на Конгресот
-

Венс: Имиграцијата е виновна за насилството за време на протестите во Франција
-

Украинските сили извршија напади со дронови врз Санкт Петербург и Ленинградската област
-

Шведска и Франција на врвот по силувања во Европа, Македонија побезбедна за жените
