Почина 26-годишна родилка во болницата во Чаир, бебето е во инкубатор
Починала 26-годишна родилка во гинекологијата во Чаир, а бебето е живо и е сместено во инкубатор на Клиниката за детски болести, објави „Нова ТВ“.
Како што објави порталот, според директорот на гинекологија Чаир, младата жена во болницата дошла во 9. 30 часот изутрината во тешка состојба со отежнато дишење, цијанидни, помодрени усни по што веднаш била качена на интензивна нега каде што била реанимирана и и бил даден кислород. Но, состојбата станувала се подраматична, родилката почнала да запаѓа во кома. По еден час реанимација, докторите одлучиле да ја породат, за да го спасат бебето.
По операцијата со царски рез, со возило на Итна медицинска помош, со двајца анестезиолози и гинеколог во придружба, родилката околу пладне била пренесена во Градската хуруршка болница „Св. Наум Охридски“.
Бебето е живо и е сместено во инкубатор на Клиниката за детски болести.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости