-->
-->
Почетино „изгоре“ за натпреварите со Саутемптон и Ливерпул
-->
Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино беше казнет од Фудбалската асоцијација на Англија за два натпревари поради конфликтот со судијата Мајк Дин по крајот на дуелот со Барнли кој „петлите“ го загубија со 1:2.
Ова значи дека Аргентинецот нема да го предводи својот тим на клупата во натпреварите со Саутемптон и Ливерпул. Покрај тоа, Почетино беше казнет со парична казна од 10.000 фунти.
Самиот Почетино призна по натпреварот дека ја преминал границата, а потоа го прифати обвинението. Покрај тоа, тренерот на Тотенхем се извини на Мајк Дин јавно.
По инцидентот, ФА пак го повлече Дин од дербито меѓу Челзи и Тотенхем, каде што тој требаше да биде четврти судија
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДУИ со стара реторика – Ќе го бранат албанскиот јазик со сите можни механизми
-
ДЗС: 3,5% инфлација во 2024 година
-
Штрајк на вработените во државното правобранителство
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Очекувам добри економски резултати
-
Охрид привлечен за посетителите
-
Текстилната индустрија зависи од странските партнери
-
Преглед на вестите од светот