Македонија
7. September 2018 - 8:43

Почесна артилериска стрелба по повод Денот на независноста

По повод 8-ми септември – Денот на независноста, денеска во 18 часот во касарната „Илинден“ во Скопје, ќе се изврши почесна артилериска стрелба.

Почесната стрелба ќе се изврши со истрелување на 10 плотуни од шест артилериски орудија од страна на артилерискиот баталјон на АРМ.

Претходно ќе се изврши пробна артилериска стрелба со еден плотун од шест артилериски орудија.