-->
-->
Побрза од гепард, домашна мачка трча со брзина од 50 километри на час!
-->
Египетската Мау мачка со својот изглед многу наликува на мачките насликани по ѕидовите во древниот Египет. Некои ги сметаат за потомок на светите египетски мачки, но за настанувањето на расата каква што ја знаеме денес најзаслужна е руската принцеза Наталија Трубецкој која живеела во Италија а потоа во Америка.
Всушност, при посетата на Каиро и се допаднале тамошните улични мачори па еден од нив го земала и однела во Италија, каде ја вкрстила со локалните мачки. Три години подоцна емигрирала во САД каде продолжила да се занимава со одгледување и каде оваа раса е регистрирана како египетска Мау мачка.
Египетската Мау е многу жива, активна, приврзана и заиграна мачка. Освен што е заиграна и треба многу внимание и мазење. Не сака да биде сама.
Најважната карактеристика и е виткото тело, малата клинеста галва, лесно заоблените контури, и елегантните долги нозе, како и прекрасното точкесто крзно. Точките и се големи или мали и еднакво распоредени по телото. Крзното е кратко, свилено и сјајно.
Очите и се со бадемест облик, карактеристични зелени бои. Ушите и се средно големи, исправно сместени на главата.
Мау поради своето витко тело се движи лесно, тенко и брзо. Брус Фогл, ветеринар и автор на бројни книги за мачки наведува дека станува збор за домашна мачка која може да достигне и брзина од 50 километри на час. Поради кратките влакна лесно се одржува и негува.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација