Победничко враќање на Енди Мареј на Вимблдон
Поранешниот прв рекет на Велика Британија, Енди Мареј, се врати победнички на „Вимблдон“. Шкотот и неговиот француски партнер во парови, Пјер-Југ Ербер направија пресврт во првиот круг и со 4:6, 6:1, 6:4, 6:0 ги совладаа Мариус Копил и Иго Умбер.
Во вториот круг, противници на Мареј и Ербер ќе бидат Хрватите Никола Мектиќ и Франко Скугор.
– Беше супер, иако почнав малку нервозно. Со малку повеќе среќа може да ја подобриме играта во иднина, прокоментира среќниот Мареј, кој само пред неколку месеци не знаеше дали ќе може повторно да игра тенис по операцијата на колкот во јануари.
Тој направи повеќе од успешното враќање во Квинс, каде што победи во парови со Фелисијано Лопез.
– За првпат игравме заедно и тоа не беше лесно, и јас се согласувам со Енди дека, како што ќе напредува турнирот, ќе станувавме се повеќе и повеќе тим, рече Ербер.
Денеска претстои долгоочекуваниот меч на Мареј во мешани двојки со партнерката Серена Вилијамс. Ѕвездениот дует ќе се сретне со Андрес Мис од Германија и Алекса Гурачи од Чиле.
Ново на Сител
-
Макрон го поддржа планот на Бајден за прекин на огнот во Газа
-
Калас: Естонија нема план „Б“ доколку Украина ја загуби војната
-
Тајани: Одлуката на Шолц за употреба на оружјето на руска територија може да доведе до Трета светска војна
-
Пребројување министерски места
-
Орбан: Мора да спречиме Европа да влезе во војна со Русија
-
"Марш за живот" во Тирана против предлог-законот "Сексуален живот и репродукција"
-
Тепачка меѓу затвореници во Идризово
-
Зеленски: Намерата на Трамп со отстапки да ја заврши војната во Украина може да биде опасна