-->
-->
Победи на Рома и Наполи, на потег е Јувентус
-->
Фудбалерите на Рома и Наполи забележаа победи во дуелите против Киево и Фиорентина, со што го одржаа притисокот над Јувентус во трката за шампионскиот трофеј во Серија А.
Во првите две средби од претпоследното 37.коло, Наполи пред својата публика убедливо со 4-1 ја победи Фиорентина, додека триумф од 5-3 на гости кај Киево забележа Рома.
Сега потворно Рома е на бод помалку од првопласираниот Јувентус, додека Наполи има два помалку. Но, попладнево фудбалерите на Јувентус кои ја имаат улогата на апсолутен фаворит во дуелот проти Кротоне со триумф на коло пред крајот ќе го осигураат шампионскиот трофеј.
Средбата Јувентус – Кротоне ќе се игра попладнево во терминот од 15 часот, кога ќе започнат и натпреварите: Милан – Болоња, Удинезе – Сампдорија, Сасуоло – Каљари, Џенова – Торино и Емполи – Аталанта, додека дуелот меѓу Лацио – Интер ќе се игра од 20.45 часот.
Колото ќе биде комплетирано утревечер со средбата Пескара – Палермо.
Табела: Јувентус 85 бода, Рома 84, Наполи 83, Лацио 70, Аталанта 66, Милан 60,... Џенова 33, Емполи 32, Кротоне 31, Палермо 23 и Пескара 14.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Средба Мицкоски-Таравари за иднината на Алијанса во Владата
-
Партиите забрзано се подготвуваат за изборите
-
Сиљановска-Давкова: Изјавата на Ахмети е притисок врз судската власт
-
Четворица повредени од пожарот во Кочани кои беа на лекување во Турција цела вечер останале на аеродромот во Истанбул
-
СЗДСМ – Сите лица со дијабет тип 1 да имаат инсулински пумпи!
-
Претседателката: Обиди за бришење на македонскиот јазик во различни форми
-
Ребаланс – па локални избори! Мицкоски најави 3 инвестиции во Штип и над 1.000 вработувања
-
Цените почнаа да растат – дел од маркетите со нови ценовници