Победа за Јанев по голема борба на ЕП за тенисери и тенисерки до 18 години

Македонскиот дејвис куп репрезентативец Кристијан Јанев по голема борба успеа да избори пласман во второто коло на Европското првенство за тенисери и тенисерки до 18 години што се игра во Оберпулендорф, Австрија. Тој денеска го победи Емил Торн од Финска по голема борба и пресврт во мечот со 2-1 во сетови (4:6, 6:4, 7:5).
Во следното коло Јанев ќе игра против Јакуб Куси од Чешка.
На шампионатот вчера настап имаше и Ерион Незири, кој загуби од Лукас Ериксон од Финска со 2-0 во сетови (7:5, 6:1). Кај девојчињата Мила Јовановски и Ирина Пиштолова ги загубија мечевите. Јовановски од Елеонора Тонева од Бугарија со 2-0 во сетови (6:4, 6:3), а Пиштолова загуби од Лидија Бринман од Ирска со 2-0 во сетови (6:1, 6:4).
Македонските тенисери во двојки (Јанев – Незири) ќе играат против Калојан Шиков и Александар Толев од Бугарија, а девојките Јовановски – Пиштолова за противнички ги имаат Димитра Кумуцеа и Катарина Устабасиду од Грција.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Калиопи, естрадна уметничка
-

85 години од почетокот на НОБ
-

Доделени државните награди „11 Октомври“
-

Суспензија за 6 полицајци за инцидентот во Сарај
-

Граѓаните главно задоволни од квалитетот на живот
-

Дрва, пелети, струја или парно - кое греење зимава ќе биде најевтино?
-

Променливото време аларм за хронично болните
-

Сејф сити од утре во Охрид, Струга, Дебар и Кичево
