-->
-->
Победа на ПСЖ за скок на врвот
-->

И покрај тоа што неодамна се жалеше дека има премалку фудбалери поради повреди и позитивни тестови на КОВИД-19, Томас Тухел може да биде задоволен откако Пари Сен-Жермен предводен од Килијан Мбапе стигна до 4:0 победа на гостувањето кај Ним за да се искачат на првото место на табелата.
Тухел реши да го одмори Нејмар пред дуелот од Лигата на шампионите против Манчестер јунајтед следната недела, така што одговорноста ја презеде Мбапе. Работите станаа полесни откако Ним останаа со играч помалку по црвениот картон на Лоик Ландр над Рафиња по само 12 минути игра.
Мбапе го скрши отпорот на домаќините во 32. минута со прекрасен гол, за во финишот на мечот „светците“ да постигнат уште три гола. Алесандро Флоренци во 78. минута зголеми на 2:0, Мбапе само пет минути подоцна го постигна вториот гол, пред Пабло Сарабија во 88. минута да ги постави конечните 4:0.
ПСЖ сега е лидер во Лига 1 со 15 поени по седум меча, исто колку што има и второпласираниот Рен по нивното 1:1 реми со Дижон во првиот петочен натпревар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче
-

Собранието ја утврди потребата за носење неколку закони, меѓу нив измените на законите за возила и за безбедност на сообраќајот
-

Кривична против две лица од Велес, одзеле паричници со пари по што од банкарски картички подигнале 23.000 денари
-

Трамп бара нов правен основ за казнените царини врз други земји
-

Родители на загинатите во „Пулс“: Комеморацијата е задоцнета
-

Над 70 отсто од докторите се соочиле со физичко или вербално насиство на работно место, случаите треба веднаш да се пријавуваат
-

Христодулидис: Кипар е безбедна земја
-

Тригодишно дете од Штип затруено со „бензодиазепами“
