Победа на Доналд Трамп во Ајова на изборите за претседателски кандидидат од републиканците
Поранешниот претседател Доналд Трамп победи на прелиминарните избори за претседателски кандидат од републиканците што синоќа се одржаа во Ајова.
И покрај арктичкиот студ што ноќеска на некои места достигна -37 степени Целзиусови, републиканците од оваа сојузна држава гласаа на таканаречените „какуси“, собири по цркви, училишта и други јавна места, и го избраа Трамп за свој кандидат на претседателските избори закажани за годинава во ноември.
Далеку зад него за второ место се бореа поранешната амбасадорка на САД во ОН, Ники Хејли, и гувернерот на Флорида, Рон Десантис. На анкетите во Ајова Трамп водеше со 53 отсто, додека рејтингот на Хејли и Десантис беше 19 и 16 отсто соодветно. Тројцата изминатата недела интензиво митингуваа во Ајова, иако Трамп откажа неколку митинзи поради екстремно ладното време.
Резултатите во Ајова се важни и покажуваат какво би било расположението на републиканците на следните гласања во клучните држави, како она закажано во Њу Хемпшир на 23 јануари.
Победата на Трамп значи дека партијата стои зад него и покрај лажните тврдења дека изборите во 2020 година биле украдени, но и фактот дека против него се покренати 91 кривично обвинение поврзани претежно со скандалот со отуѓување на доверливи државни документи и обидите да се укинат изборите во 2020 година.
Ако Трамп навистина победи ќе следува повторен дуел меѓу него и претседателот Џо Бајден по оној пред четири години. Бајден тврди дека во напорите да ги дискредитираат изборите во 2020 година, Трамп и неговите соработници претставуваат закана за американската демократија.
Ново на Сител
-

Стратешка енергетска соработка: Божиновска на средба во Белата куќа со советник на Трамп
-

Извештај: Новиот ирански врховен лидер Моџтаба Хаменеи во тешка состојба во Ком
-

Денес се празнува Благовештение на Пресвета Богородица - Благовец
-

Тројца нови амбасадори ќе ги претстават платформите за дипломатските активности пред Комисијата за надворешна политика
-

Венс пристигна во Будимпешта
-

Во Вашингтон денеска Стратешки дијалог Македонија - САД
-

Иранската војска ги отфрла „арогантната реторика“ и заканите на Трамп
-

Шефицата на ММФ предупредува: Војната на Блискиот Исток води до повисоки цени и побавен раст
