Побаран притвор за охриѓанец во чиј дом е пронајдена дрога
Основното јавно обвинителство Охрид поведе постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека извршило кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 од Кривичниот законик.
Покрај донесената Наредба за спроведување на истражна постапка, надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд Охрид достави и предлог за определување на мерката притвор против осомничениот.
Сторителот, 35-годишен охриѓанец, неовластено набавил дрога марихуана и ја држел во својот дом во Охрид.
Во домот на осомничениот е извршен претрес при што е пронајден еден килограм дрога спакувана во одделни пакувања, како и опрема за мерење – две дигитални ваги со остатоци од растителната материја.
Ново на Сител
-

Законот за високо образование пред владина процедура - дел од фелата оценува дека суштински измени нема
-

Тема на денот со Петар Арсовски, аналитичар
-

Сиљановска Давкова – Милатовиќ пред студентите: Потребен е јасен сигнал од Брисел за проширувањето
-

Продолжи судењето Онкологија 1 со сведочење на вештакот од Србија
-

Тешки сведоштва за насилството врз Ивана и Катја
-

Полицајците на обвинителна клупа за „Пулс“, но судењето не почна
-

Крмзов во инвалидска количка на првото рочиште за затајување данок
-

Мицкоски очекува Савески да реотвора предмети, за Филипче обвинителот бил под контрола на власта
