Побаран притвор за косовскиот дилер на марихуана кај Блаце
Јавен обвинител до Основниот суд Скопје 1 предложи притвор за косовскиот државјанин кој во неделата вечер беше фатен со 14 килограми марихуана блиску до граничниот премин Блаце.
ОЈО-Скопје води истрага против тој државјанин на Косово, осомничен за кривично дело „неовластено произведство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
На 17 март околу 20 часот во близина на граничниот премин Блаце тој неовластено држел 14 полиетиленски пакувања наркотична дрога – марихуана наменета за продажба.
– Дрогата со вкупна тежина од 14080,8 грама била ставена во две јутани вреќи кои осомничениот ги носел со себе, соопшти ЈОРМ, додавајќи дека притворот за осомничениот е предложен поради околности кои укажуваат на опасност тој да избега или да го повтори кривичното дело.
Ново на Сител
-
Повозрасните кочанчани погодени од трагедијата утеха бараат во алкохолот, неместо кај психолог
-
Избор на нов министер за здравство во Собранието
-
Две нови мерки за вработување
-
Лицата со телесен инвалидитет со порака да бидат видени
-
Преглед на вестите од светот
-
Mицкоски: Протестите во Кочани преминаа во политичко движење
-
Мицкоски: Извештајот ќе биде усвоен
-
Тема на денот со Ана Марјановиќ, онколошки пациент, дел од Хема-Онко