По три месеци во бегство Дацо Белски се пријави во полиција
Драганчо Стоименов викан Дацо Белски кој пукаше во друго лице во локал во Кочани, сам се пријавил во полиција, дознава 1ТВ.
Тој три месеци беше во бегство и стана недостапен за органите на прогонот во јануари годинава, откако по вербална расправија, пукаше и го повреди Драган Здравев во кафе барот „Аква“ во Кочани.
На македонската јавност и е познат и по случајот Детонатор, каде што беше клучниот сведок, а во кој за рекетарство, перење пари, поставување бомби и нелегални покер апарати на обвинителната клупа седнаа 16 лица од Кочани и Виница.
За потсетување, инцидентит се случи во кафе бар Аква, кога дошло до кратка вербална расправија помеѓу две групи. Во еден момент Драган Стоименов, со надимак Дацо Белски, пукал со пиштол и го повредил Драган Здравев, викан Дач. Веднаш по истрелите Стоименов избегал. Здравев беше пренесен на Ургентен.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости