-->
-->
По третпат отфрлено барањето на Куфодинас за неколкудневен излез од затвор
-->

Судот во грчкиот град Волос по третпат го отфрли барањето на еден од лидерите на терористичката организација „17 Ноември“, Димитрис Куфодинас за добивање дозвола за неколкудневен излез од затвор, јави дописничката на МИА од Атина.
Според грчките медиуми, одлуката на судот да не одобри седма по ред дозвола за Куфодинас, кој е осуден на 11 доживотни затворски казни, е врз основа на ставот дека тој не се кае за стореното и не постои морално подобрување.
Кривичниот оддел на Врховниот суд на Грција кон крајот на мај одлучи судот од градот каде што Куфодинас ја издржува затворската казна одново да го разгледа неговото барање со објаснување дека и оние кои што се осудени на повеќе од една доживотна затворска казна имаат право да добиваат редовни дозволи за излез од затвор.
Куфодинас во мај годинава, 21 ден штрајкуваше со глад бидејќи не му беше одобрена седма неколкудневна дозвола за излез од затвор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со проф. Митко Панов, член на Комисијата за историски прашања со Бугарија
-

Запалена машина за железо причина за големиот пожар што ги вознемири скопјани
-

Судење за „Пулс“
-

Пожар во отпад во Шуто Оризари
-

Судење за „Пулс“
-

123 години од смртта на македонскиот револуционер и великан Гоце Делчев
-

Мицкоски: Атмосферата со Бугарија ќе се вжештува - Филипче: Бугарите не ни се непријатели
-

Трибина: Темел на државноста - визија за иднината
