-->
-->
По свадбата на Саша Богдановиќ Филипче рече дека политичарите треба да се пример за сите граѓани
-->

Министерот за здравство Венко Филипче денес во изјава за новинарите кажа дека ги осудува свадбите на градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ на Косово и на внуката на поранешниот пратеник Амди Бајрам во Истанбул. Филипче рече дека политичарите треба да се пример за граѓаните кога станува збор за почитување на мерките, а не сред пандемија да прават свадби.
„Апсолутно ги осудувам свадбите кои се случија викендов. Ние сме тие кои треба да дадеме пример за граѓани, особено во услови кога секој ден имаме голем број новозаболени и болничките капацитети се полнат“, рече Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Златко Кузманов, експерт за безбедносни политики
-

Скопска парада 2026
-

Мицкоски денеска на средба со ЗНАМ, реконструкцијата готва до 1 јули
-

Уметници од Mакедонија, Бугарија и Грција вечерва во изведба на “Кармина Бурана” во Скопје
-

Мицкоски најави нова средба со маркетите за пониски цени на храната
-

Прилеп доби 8.320 канти и 126 контејнери за селекција на отпад како и 3 нови возила за собирање на отпад
-

Импортиран случај на зика во земјата, заболениот Македонец бил на Малдиви
-

Во Преспа се одржа трката „Prespa run and fun“, спортски настан чија цел е промоција на овој крај
