По смртоносниот пожар, оставка поднесе директорот на Домот за пензионери во Тузла

Градоначалникот на Тузла Зијад Лугавиќ претпладнево потврди дека во пожарот во Домот за пензионери загинале 11 луѓе.
Голем број повредени се превезени во Универзитетскиот клинички центар Тузла, каде им се укажува итна медицинска помош. Тројца полицајци и петмина пожарникари се задржани на лекување, сите се надвор од животна опасност. Меѓу повредените се и медицински работници, како и вработени во Домот за пензионери Тузла.
Директорот на Домот за пензионери во Тузла, Мирсад Бакаловиќ, поднесе оставка на таа функција денеска наутро, потврдено е за Кликс од установата за нега на стари лица.
Според последните информации, 30 лица се хоспитализирани во ЈЗУ УКЦ Тузла, додека бројот на повредени кои досега се пријавиле за потребна медицинска помош е поголем. Од хоспитализираните лица, 4 лица – штитеници на Дома се на механичка вентилација, а меѓу хоспитализираните се петмина пожарникари и тројца полициски службеници.
Местото на кое синоќа избувна пожарот сè уште е под силно полициско обезбедување, а пристапот до објектот е забранет.
На терен се наоѓаат возила на итната помош и припадници на полицијата.
Увидот во Домот за пензионери Тузла започна во раните утрински часови, во присуство на инспектори за заштита од пожари, пишува Аваз. Дежурниот обвинител, во соработка со истражниот тим на Управата на полицијата на МВР-от на Тузланскиот кантон, во присуство на вештаци и стручни лица, од денеска наутро продолжува со прегледните дејствија со цел да се утврдат околностите на настанувањето на пожарот, како и сите други околности кои довеле до оваа несреќа.
„Извлечени се снимките од видео надзорот од Домот. Денеска ќе се преземат дејствија со цел идентификација на телата на починатите, и ќе бидат издадени наредби за обдукција. Јавноста ќе биде навреме известена за сите дејствија кои ќе се преземат во следниот период“, соопшти локалното Обвинителство.
Премиерот на Федерацијата на Босна и Херцеговина, Нермин Никшиќ, најави дека денеска делегација од оваа влада ќе отпатува во Тузила и дека ќе учествува во санацијата на Домот и згрижувањето на корисниците на Домот. Никшиќ рече и дека ќе се формира тим на Владата на ФБиХ кој ќе ги посети институциите и установите кои се во надлежност на ФБиХ, а ќе побара истото и од кантоналните и надлежните власти
„Гледам дека некои луѓе велат дека некои биле неодговорни и дека не се придржувале до сите инструкции за исклучување на сите електронски уреди кои се користат. Претпоставувам дека вработените во Домот контролирале колку што можеле, но треба да почекаме да видиме конкретно што се случило“, истакна Никшиќ, пренесува Кликс.
Претседателот на Претседателството на БИХ, Жељко Комшиќ, венаш изрази сочувство до семејствата на настраданите и понуди помош од државните институции.
МИА
Ново на Сител
-

Израел тврди дека го убил командантот на морнарицата на иранската Револуционерна гарда
-

Андоновски: Системот за електронско управување со документи не бил тестиран за безбедносни слабости, направени се тестирања и надминати се сите недостатоци
-

Трамп: Иран врз базата Диего Гарсија лансира ракета која „наводно ја нема“
-

Николоски: Блокираните ДУП-ови се причина за 2.500 евра квадрат во Скопје и 4.000 евра во Охрид
-

Мицкоски: И во услови на историски најголема криза со енергентите, платите растат, дефицитот и инфлацијата се намалуваат
-

Путин: Последиците од војната во Иран би можеле да бидат како последиците од пандемијата
-

Иран го отфрли американскиот мировен предлог како „едностран и неправеден“
-

Лука Кипровски влегува во WAKO PRO водите – дуел со шампионот Кликавац во Црна Гора
