По скандалозниот секс во гардеробата бутикот стана популарен

Порно видеото снимено со мобилен телефон во една гардероба во бутик во Пекинг е објавено на кинеските социјални мрежи каде веднаш станало вирален хит, или „вирус“ како што го нарекла кинеската интернет- полиција пред да го отстрани од сите мрежи во државата поради „штетното делување на социјалистичките вредности“.
Во меѓувреме снимката се проширила низ целиот свет па кинески власти не се во можност да го запрат нејзиното споделување.
Во едноминутната снимка девојката е гола, додека момчето носи маичка. Иако не биле идентификувани се претпоставува дека станува збор за студенти на Деловниот факултет на Универзитетот во Пекинг.
Иако самата кабина не ја одава локацијата на објектот, во позадина преку звучници се слуша службена најава во која се препознало дека станува збор за трговскиот центар „Uniqlo“. Тоа покренало лавина на љубопитни минувачи кои ја посетиле продавницата и снимале селфи фотографии пред таа продавница. Управата на вработените им рекла да ги спречуваат луѓето тоа да го прават, но не успевале во тоа.
Кинеската интернет-полиција почнала да истражува дали снимката е добро осмислена кампања на јапонскиот синџир на продавници „Uniqlo“, што претставниците на трговската кужа веднаш го негирале.
Ново на Сител
-

Македонските тенисери со трофеј го завршија настапот во конкуренција на двојки на „Neocom open 2026“
-

Без плаќање во готовина од утре во јавниот превоз во општина Кавадарци
-

ЦУК: Попладнево зголемен ризик од појава и брзо ширење на пожари на отворен простор и шумски пожари поради многу висок FWI
-

Гори ниска вегетација, дрва и пченка во Горно Лисиче и депонијата на излезот од Крива Паланка
-

Нема подолги задржувања на граничните премини
-

Сончево и многу топло
-

Катерина Ацевска светска вицешампионка во џиу – џицу
-

ЦУК: До 18 часот 11 пожари на отворен простор, од кои три се активни - изгаснат пожарот кај село Чифлик
