Балкан
29. December 2020 - 13:15

По силниот земјотрес татко и дете спасени од урнатините во Петриња

Татко и дете се спасени од урнатините на една зграда по силниот земјотрес во Петриња.

Улиците на Петриња се полни со урнатини. Голем број згради се оштетени, а спасувачите трагаат по преживеани. Сите достапни противпожарни единици од Загреб се на пат кон Петриња да помогнат во акцијата за пребарување и спасување.