По Шести пат Прв до врв

Шестото издание на најголемиот планински спортски настан во регионот, Прв до врв 2018 ќе се одржи денеска на скопско Водно.
Настанот и ова година ги има трките во планинско трчање, планински велосипедизам, друмски велосипедизам, како и традиционалниот пикник на целта кај врвот, по завршувањето на трките на кој е предвидена музичка програма и церемонија на прогласување на победниците.
Стартовите на трките се закажани во 9 часот и 45 минути кај Музејот на град Скопје за велосипедистите и во 10 часот кај основното училиште Кочо Рацин за оние кои ќе се натпреваруваат во трчање и планинарење.
Поради настанот Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје.
Велосипедската трка ќе се организира на потегот од пред Музеј на град Скопје - булевар „Св. Кирил и Методиј“, лево по булевар „Св. Климент Охридски“, во продолжение по булевар „Мајка Тереза“ лево по улица „Тодор Александров“, во продолжение по локален пат за Средно Водно до Врв на Водно („Милениумски Крст“).
Оваа година се очекува да учествуваат над две илјади натпреварувачи со најголем број на учесници од странство до сега.
Регистрираните учесници може да ги подигнат своите стартни пакети в четврток, петок и вчера на плоштадот Македонија, а оние кои доаѓаат од другите градови и држави истото ќе можат тоа да го сторат и денеска, на денот на трката, од 8 до 9 часот кај ОУ Кочо Рацин.
Настанот го организира здружението за спорт и рекреација Прв до врв во соработка со градот Скопје и со поддршка на деловната и општествената заедница.
Ново на Сител
-

ЛДП: Семејни центри за насилство во сите општини за намалување на малолетничката деликвенција
-

Нема најави за питка вода во Гостивар, Тошковски апелира да се испушта водата од чешмите
-

Тема на денот со Амар Мециновиќ, пратеник на Левица
-

Гостивар чека безбедна вода за пиење
-

Повторно се разгоре пожарот кај Кавадарци
-

Нов сомнителен случај западнонилска треска на Инфективна - на клиниката се хоспитализирани 17 пациенти
-

Од полноќ поскапува дизелот, а бензините поевтинуваат
-

ЕВРОСТАТ: Вредноста на парите во Македонија највисока од регионот
