По првиот училишен ден регистрирани првите позитивни случаи на Ковид-19 во две основни училишта во Скопје
Информациите кои официјално се потврдени за Сител е дека ученичка од петто одделение вчера добила позитивен тест на Ковид-19 од основното училиште Ѓорѓија Пулевски во Општина Аеродром.
Во 14 дневна изолација ќе оди целиот клас од одделението и веќе е направена епидемиолошка анкета со останатите ученици. Според одлуката која ја добило училиштето доколку некое од соучениците е прележано или вакцинирано ќе може да доаѓа на настава, вакцинирана е наставничката која им предавала така да таа ќе продолжи да оди на работа и ќе им предава на учениците онлајн.
Во скопската општина Кисела Вода во основното училиште Кирил Пејќиновиќ
две деца од 9 одделение од исто одделение вчера пројавиле симптоми на ковид 19, потврди за Сител директорот на училиштето. Едното од нив веќе има добиено позитивен тест и неговите соученици ќе одат во изолација, а за второто дете се уште се чекаат резултати од тестирањата.
До редакцијата на Сител пристигнаа информации за дополнителни случаи на ученици со симптоми на Ковид-19 во едно стручно средно училиште во Скопје но за сега тие не се потврдени.
Ново на Сител
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-
Возачот кој ја прегази Фросина осуден на 12 години затвор
-
Таравари си замина – ВРЕДИ очекува прелет на пратеници
-
Кој ќе биде министер за здравство по заминувањето на Таравари?
-
Фрчковски осомничен за злоупотреба на државни пари, тој вели – срамен притисок врз критичарите на власта
-
СДСМ: Целосен дебакл на надворешната политика - Владата не знае каде тера