-->
-->
По повод Денот на жената, Шпанците ги запираат возовите
-->

Околу 300 возови денеска нема да сообраќаат во Шпанија поради најавениот штрајк, со кој вработените укажуваат на проблемот со нееднаквоста меѓу половите по повод Осми Март.
Информацијата за откажување на поаѓањата на возовите ја објави Министерството за сообраќај.
Штрајкот ќе трае 24 часа, а на протест повикаа десет синдикати, јави Би-Би-Си.
Феминистичките групи ги повикаа жените денеска да не трошат пари и да не ги извршуваат вообичаените „женски“ работи во своите домови.
Владејачката десно-ориентирана „Народна партија“ оцени дека протестот е „за феминистичката елита, а не за вистинските жени со секојдневни проблеми“.
Додека 10 синдикати го поддржаа 24-часовниот штрајк, двата највлијателни синдикати во Шпанија ги повикаа своите челонови да го поддржат протестот со двочасовен прекин на работата. Проблеми се очекуваат и при работењето на подземната железница во Мадрид.
Во Шпанија, жените се платени за 13 отсто во јавниот и 19 отсто во приватниот сектор помалку од нивните машки колеги, покажуваат податоците на Евростат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со доктор Драган Даниловски
-

Големо невреме го зафати Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова ера во хирургијата: Првата роботски асистирана операција успешно изведена во „Аџибадем Систина“
-

Притвор за директорката и двајца раководители од гостиварски „Комуналец“
-

30 дена кризна состојба во Гостивар
-

АХВ со засилени активности во Гостивар: Инспекторите земале дополнителни мостри од болницата и други објекти за испитување
-

Стомачни вируси детектирани кај двајца Гостиварци на Инфективна клиника
