-->
-->
По повеќедневна потрага, пронајден починат дедо Јане од Јастребник
-->

По повеќедневната потрага по дедо Јане од селото Јастребник на планината Осогово, кој беше пријавен за исчезнат и боледуваше од деменција, денеска е потврдена веста дека тој е пронајден починат во планински предел.
Откако бил пријавен за исчезнат, изминативе денови се спровела интензивна потрага по него во поширокиот планински регион. Починатиот боледувал од деменција, што дополнително ја отежнувало потрагата и неговата ориентација во просторот.
Надлежните служби извршиле увид на местото на настанот, а телото ќе биде предадено на обдукција по наредба на јавен обвинител, со цел да се утврдат сите околности за смртта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Следуваат законски измени за построги казни за возачите на електричните тротинети
-

Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија
-

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски
-

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски
-

Мицкоски: Mинистрите што се уморни чесно е да си одат
-

Филипче: Нема да бидеме алиби за предвремени избори
-

Мицкоски најавува европски „маратон“, Филипче обвинува за демагогија и бегање од преговорите
-

Стартува национална иницијатива за намалување на семејното и врсничкото насилство
