Бизнис
12. January 2017 - 19:42

По падот на рефертната камата, можно поевтинување единствено на потрошувачките кредити

Банките прават анилизи дали и за колку ќе ги намалат каматите. По вчерашната одлука на Народната банка, за намалување на референтната камата за 0,25 процентни поени, велат дека се уште е рано да се излезе со било каква информација. Единствено што може да се очекува е намалување на каматата на потрошувачките кредити.  Кај нив максималните камати се врзани со рефентната,  односно  основицата за пресметка изнесува 8% и референтната камата. За останатите – , според нив, нема многу простор. Каматите во моментов велат дека се на историски најниско ниво, а ваквата одлука на Народната  банка се коментира како очекувана. Бидејќи политичката криза се смета дека заврши, шоковите во монетарниот сектор се стабилизирани,  нормално е  Централната банка да ја врати каматата како што беше пред кризата. 

До април минатата година  основицата изнесуваше 3,25%. По шпекулациите за девалвација на денарот, граѓаните масовно почнаа да ги излекуваат заштедите во денари за да купат девизи. За само еден месец загубија 4 милиони евра.  Тогаш НБРМ ја затегна монетарната политика и ја зголеми каматата на 4%.  Високата ликвидност на  банкарскиот сектор, растот на девизните резерви, заштедите на граѓаните и фирмите, помалиот буџетски дефицот и забрзување на кредитирањето  влијае Комитетот на Народната банка ја намали основната камата  крајот на декември за 0,25 процентни поени.  Со оглед на понатамоѓшно стабилизрање на состојбата, вчера  донесе одлука повторно да ја намали и во моментов изнесува 3,5%.