По пад од 6-ти кат на болница почина директорот на „Лукоил“
Равил Маганов, претседателот на Управниот одбор на најголемата руска приватна нафтена компанија Лукоил, почина во четвртокот, откако падна од прозорецот од болница во Москва, пренесува Ројтерс, според информации на извор запознаен со ситуацијата.
Маганов (67) паднал од прозорецот на шестиот кат во Централната клиничка болница.
Болницата, позната како Клиника Кремљ, бидејќи ја лекува руската политичка и деловна елита, потврди за државната новинска агенција РИА Новости дека Маганов починал без да ги открие околностите на неговата смрт.
Маганов е вториот врвен извршен директор на Лукоил кој почина под мистериозни околности во последните месеци, пишува „Москва тајмс“.
Руската полиција отвори кривична постапка по смртта на поранешниот извршен директор на Лукоил Александар Суботин на почетокот на мај.
Лукоил, втората по големина руска нафтена компанија, беше една од неколкуте домашни корпорации кои отворено повикаа на прекин на војната во Украина на почетокот на март.
Засега нема коментари од Лукоил.
Маганов работел во Лукоил од 1993 година, веднаш по основањето на компанијата.
Неговиот брат Наил е шеф на нафтената компанија „Татнефт“.
Ново на Сител
-
Москва го прошири списокот на претставници од ЕУ на кои им е забранет влез во Русија како одговор на новите санкции
-
Путин и Лукашенко ја осудија политиката на НАТО и ЕУ
-
Зеленски: Русија го одолговлекува процесот за прекин на огнот
-
Путин: Ние сме за примирје, но прво треба да се одговори на многу прашања
-
„Д Фестивал“ годинава ќе се одржи во Штип
-
Шумската полиција фати голема група дрвокрадци во штипско
-
ЈКП Гази Баба пријави загадување на водата во Булачани
-
Уапсен 37 годишен скопјанец, физички ја нападнал поранешната партнерка и нејзините три ќерки