По пад од 6-ти кат на болница почина директорот на „Лукоил“
Равил Маганов, претседателот на Управниот одбор на најголемата руска приватна нафтена компанија Лукоил, почина во четвртокот, откако падна од прозорецот од болница во Москва, пренесува Ројтерс, според информации на извор запознаен со ситуацијата.
Маганов (67) паднал од прозорецот на шестиот кат во Централната клиничка болница.
Болницата, позната како Клиника Кремљ, бидејќи ја лекува руската политичка и деловна елита, потврди за државната новинска агенција РИА Новости дека Маганов починал без да ги открие околностите на неговата смрт.
Маганов е вториот врвен извршен директор на Лукоил кој почина под мистериозни околности во последните месеци, пишува „Москва тајмс“.
Руската полиција отвори кривична постапка по смртта на поранешниот извршен директор на Лукоил Александар Суботин на почетокот на мај.
Лукоил, втората по големина руска нафтена компанија, беше една од неколкуте домашни корпорации кои отворено повикаа на прекин на војната во Украина на почетокот на март.
Засега нема коментари од Лукоил.
Маганов работел во Лукоил од 1993 година, веднаш по основањето на компанијата.
Неговиот брат Наил е шеф на нафтената компанија „Татнефт“.
Ново на Сител
-
Камењецки: Зошто Путин за време на војната за прв пат облече војничка униформа
-
Германски Рајнметал пренатрупан со порачки за оружје
-
Експерти на ОН го обвинуваат Израел за геноцидни постапки и сексуално насилство во Газа
-
Приведен гостиварец за издржување тригодишна затворска казна
-
ФСБ спречила пакети со рачно изработени бомби да стигнат до војници и државни службеници
-
При претрес во Tетовско пронајдена дрога, приведен 19-годишник
-
Египет ја поздрави одлуката на Трамп да не бара од Палестинците да ја напуштат Газа
-
Оружје и муниција пронајдени кај 71 годишен жител на Струшко