-->
-->
По оставката на Харадинај, Самоопределување ја исклучува можноста за техничка Влада
-->
Пратеничката на опозициското Движење Самоопределување (ВВ), Албулена Хаџиу, по оставката на косовскиот премиер Рамуш Харадинај, побара Собранието веднаш да го одреди датумот за вонредните избори и ја исклучи можноста од формирање техничка Влада, јави дописникот на МИА од Приштина.
Хаџиу на својата страница на Фејсбук напиша дека ВВ не прифаќа да биде дел од било каква седница за доделување нов премиерски мандат и дека ќе присуствува единствено на седница на која ќе се одреди датумот на изборите.
Идејата за формирање техничка влада синоќа во изјава за медиумите ја отфрли и лидерот на ВВ, Албин Курти, кој исто така побара што поскоро одржување парламентарни избори.
Курти најави дека ВВ и Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), како опозиција и како најголеми политички партии во Косово, во наредните денови ќе ја продолжат комуникацијата и координацијата за одржување вонредни избори.
Харадинај вчера поднесе оставка од функцијата претседател на Владата поради повикот да се појави пред Специјалниот суд за воени злосторства во Косово, во својство на осомничен. На крајот на вчерашната владина седница, Харадинај изјави дека поднесува оставка, затоа што пред Судот во Хаг не сака да се појави како премиер, туку како граѓанин на Република Косово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени