По осми пат Ѓурговденска литија низ улиците на Струга
Неколку илјади граѓани, православни верници од Струга, Охрид, соседните градови и цела Македонија денеска по осми пат излегоа на Ѓурѓовденската литија низ централните улици на Струга и им се поклонија на моштите и на светата икона на Свети Георгиј Победоносец.
Свечената Ѓурѓовденската литија, што е дел од културното наследство на Република Македонија ја предводеше полициско возило, со што на симболичен начин беше оддавање чест кон светецот Георгиј како покровител на полициските сили.
Потоа на Литијата продефилираа редарот на коњ како најавувачот на процесијата, кој носеше палмино гранче во рацете како симбол на мирот.
Самата Литија ја предводи член од Бигорското братство, а по него следуваат носачи на крстови, рипиди, знамиња, псалтите и братството на Бигорскиот манастир, оркестарот на град Скопје, чудотворната икона на „Св. Георгиј Победоносец“, сестринствата од манастирите во Рајчица и Пречиста, свештенството на Дебарско-кичевската епархија, митрополитот Тимотеј.
Најголемата светиња – моштите на Светецот во раскошно украсен епитаф ги носеа самите православни верници, придружувани и од четворица таканаречени сердари односно чувари на моштите на Св. Георгиј.
Ново на Сител
-
Започна седницата на Уставен, отсутни судиите Осман Кадриу и Насер Ајдари
-
Уапсена 29 годишна гостиварчанка, пронајдена дрога, пушка и муниција | ФОТО
-
Четири килограми марихуана и амфетамин пронајдени кај 27 годишник во Драчево | ВИДЕО
-
Подигнати 75 кубни метри отпад од диви депонии во скопските општини Чаир и Кисела Вода
-
Влада: Инвестициски бум, 6 нови странски инвестиции за 6 месеци и 2000 нови работни места
-
Борусија Дортмунд неколку месеци без Шуле
-
Наполи еден месец без Кварацхелија
-
Зеленски му рекол на Трамп во Париз дека бара безбедносни гаранции за да се стави крај на војната